Недостиг на текстилни работници

Bez autora
Feb 20 2011

Кризата го напушта текстилството. Ќе има работа во наредните две години. Но, сега откако текстилците се обезбедија со нарачки, не можат да си најдат работници. Во моментот во текстилството има потреба од најмалку 400 работни, кои тешко ќе може да се најдат на евиденцијата на Агенцијата за вработување со оглед на тоа дека таму претежно се постари лица, кои газдите не ги сакаат. Од 6.461 невработени во евиденцијата на Центарот за вработување во Штип дури 5.129 се над 30 години, категорија што тешко доаѓа до работа. Сопствениците на текстилни фабрики бараат обучени шивачи, но бара и тие да бидат млади до 30 години.

Недостиг на текстилни работнициКризата го напушта текстилството. Ќе има работа во наредните две години. Но, сега откако текстилците се обезбедија со нарачки, не можат да си најдат работници.

Во моментот во текстилството има потреба од најмалку 400 работни, кои тешко ќе може да се најдат на евиденцијата на Агенцијата за вработување со оглед на тоа дека таму претежно се постари лица, кои газдите не ги сакаат.

Од 6.461 невработени во евиденцијата на Центарот за вработување во Штип дури 5.129 се над 30 години, категорија што тешко доаѓа до работа.

„Сопствениците на текстилни фабрики бараат обучени шивачи, но бара и тие да бидат млади до 30 години“, вели Снежана Маролова, Центар за вработување Штип.

Но, текстилците се жалат дека зголемената работа нема да значи и повеќе пари за нив затоа што се зголемиле цените на репроматеријалите.

„Во конфекциите најмногу се употребуваат полиестерски производи, а имаме и покачување на цената на нафтата, по што се очекува зголемување на цената од 10-15 %. Додека памукот во последниот период ја зголеми својата цена за 35 %“, вели Горан Даскалов, член на УО на Кластер за текстил.

Во текстилството во Штип работат околу 7.000 луѓе. Прекувремената работа и платите што се половина од македонскиот просек не се доволно атрактивни за помладите.

Намалените плати поради кризата газдите тешко ги покачуваат, а континуираниот недостиг од работници веќе почнаа да го надополнуваат со увоз на работна сила од соседните градови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik